(ВИДЕО) Поповска: Ова е арогантно однесување и покажување на сила

Од:

Во Собранието, без СДСМ и здружената опозиција тече расправата по првата точка, распуштање на Парламентот.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Република Македонија живееше во политичка криза.

„Ние имавме обврска да донесеме одлука за самораспуштање и предвремени избори на 24.април. Ние имаме обврски да ги слушнеме граѓаните, да ставиме точка на политичката криза. Да го вратиме мандатот на оние кои ни го дале. Нема поголема доблест за едно Собрание, од гласање за своето самораспуштање. Ова е време на граѓаните. Да гласаат дали се за неизвесност и деструктивност или за отворање на нови фабрики и изградба на нови патишта“, рече Димовски.

Талат Џафери од ДУИ рече дека ова е поради одговорноста и конзистентно исполнување на договорот од Пржино.

Лилјана Поповска од ДОМ, реагираше процедурално и кажа дека е против одлуката за распуштање на Собранието.

„Јас сум против распуштање на Собранието без добар дел од опозицијата. За демократски напредок сите сме потребни. Ова е арогантно однесување и не води кон демократски напредок. Ова е покажување на сила. И малцинството се почитува во демократска држава. Ова е вовед кон нова дестабилизација“, рече Поповска.

Павле Трајанов од ДС смета дека точката е спротивна на Уставот на Република Македонија. Со одлуката се предлага Парламентот да се распушти на 24. април.

„Не е можно денес да гласаме, а Парламентот да се распушти на 24. февруари. Тој треба да се ераспушти кога ќе имаме политички договор“, рече Трајанов.

Владимир Ѓорчев рече дека за распуштање на Собранието условите се созреани, бидејќи погоклем број на пратеници го побараат тоа. Со ова, посочи, ќе заврши агонијата со политичката криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски