Собранието расправа за Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика за 2016

Од:

Собранието на Република Македонија во рамки на 91.седница расправа за Предлог- финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година.

Пратениците од опозицијата сметаат дека е неоправдан ваквиот финансиски план затоа што, како што рекоа, Регулаторната комисија за енергетика не успеа да изгради свој капацитет и авторитет.

– Поважни се интересите на енергетските капацитети, компании, а помалку интересите на граѓаните. Граѓаните плаќаат за 70 отсто повисоки цени за елктрична енергија, рекоа пратениците од опозицијата. Според нив, Регулаторната комисија мора да се грижи и да ги штити правата на граѓаните, а не да работи во интерес на монополите.

Марјанчо Николов од СДСМ рече дека последните десет години во Македонија не е изграден нити еден енергетски објект, а пари, како што рече, се трошат на споменици, фасади, мостови…

Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека ќе го поддржат финансискиот план. Според нив, ваквите говори на пратениците од опозицијата се чист популизам пред избори.

– Република Македонија има најниска цена на електрична енергија во регионот, а евтина дневна тарифа не може да се најде во ниту една друга држава. Се субвенционираат само оние лица кои се во категоријата на социјални случаи, сметаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е потребно сите да размислуваат за енергетската ефикасност и за заштеда на електрична енергија затоа што, како што рече, изминатиот период кај нас електричната енергија се трошеше за се и сешто и како што не треба.

– Во термоелектраните само од 30 до 33 проценти од произведената топлинска енергија се претвора во електрична, рече Деспотовски.

Пратениците на почетокот на денешната седница усвоија 17 закони, предложени од Владата да се разгледуваат по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за 15 часот и 30 минути ја најави 93. седница. По нејзино завршување, пратениците ќе продолжат со 91. седница.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители