Собранието расправа по дополнувањата на Законот за ТИРЗ

Од:

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 82. седница ја почна расправата по Предлог-законот за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Со предлог законското решение се додава нов член со кој се регулира користењето на земјиштето во зоните кое им се дава на идните корисници.

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, како еден од предлагачите, истакна дека се дополнува законот со нов член со цел да се интензивира процесот на инвестиции и да им се овозможи на повеќе компании да инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони и да се отворат нови работни места.

Според Маријанчо Николов од СДСМ, не се работи за техничка измена, туку за суштинска измена со која на странските инвеститори ќе им се даде можност објектот или земјиштето кои ги имаат да ги дадат во подзакуп на друг странски инвеститор.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека бројката на невработеност е намалена што е резултат на политиките што ги спроведува Владата и привлекувањето на странските инвеститори.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека најновите статистички податоци објавени денеска покажуваат дека невработеноста е намалена на рекордни 25,5 проценти.

– Пред неколку месеци дискутиравме за бројот на новоотворени работни места од 2006 година до денес и констатиравме дека тогаш имало 260 илјади работни места, а пред три месеци беа 699 илјади. Најновиот податок од пред половина час вели дека во Македонија има 711 работни места, односно 150 илјади повеќе луѓе работат од ваше време, односно 11 илјади новоотворени работни места за еден квартал, рече Димовски.

Расправата по оваа точка од дневниот ред ќе продолжи по редовната едночасовна пауза.

Претходно, пратениците ги донесоа измените на Законот за странци.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители