Собранието расправа, но не се гласа за законите, нема кворум од 61 пратеник

Од:

Поради немање кворум и присуство на само 58 пратеници, пратениците за утврдениот дневен ред од 20 точки само расправаат, но не гласаат, затоа што за носењето поважи одлуки потребно е да има 61 присутен пратеник во салата. Така, на денешната седница не беше изгласана одлуката за продолжувањето на кризната состојба со Ковид-19, не поминаа одлуките за избор на членови на Советот на јавни обвинители, како и други одлуки и предлог-закони.

Откако собранискиот спикер, Талат Џафер,и ги повика пратениците да гласаат за предлогот за продолжување на кризната состојба, се утврди дека 57 пратеници се изјасниле „за“, без воздржани и против. По пребројувањето на присутните од страна на собраниските служби, се утврди дека во салата има еден пратеник повеќе од тие што гласале.
„Гласањето е поништено, во салата има 58 пратеници. Гласањето ќе се повтори кога ќе се создадат услови за оваа точка“, констатираше спикерот Џафери.

Со истото темпо продолжи текот на седницата, при што предложените законски решенија се разгледуваат, но не се гласа за нив. На денешната седница нема ниту интерес за расправа. Речиси сите точки од дневниот ред поминаа на разгледување, без пријавени пратеници. Единствено Законот за попис предизвика интерес кај пратениците, по кој моментално се расправа, но најверојатно ниту за него нема да има гласање, доколку во салата нема доволен број пратеници.

Пратениците требаше да се изјаснат по предлог-измените за повеќе закони, меѓу кои за Законот за домување, за извршување на буџетот за 2021, за безбедност на патиштатата, за социјална заштита, за државјанство.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи