Собранието распиша конкурс за 35 јавни функции

Од:

Собранието и Комисијата за прашања на изборите и именувањата распишаа оглас за пројавување интерес за ангажирање компетентни и високо мотивирани кандидати за 35 јавни функции кои се во нивна надлежност.

Краен рок за поднесување на пријавите е 20-ти јули.

Меѓу другото, се бара пројавување интерес за претседател и двајца членови на УО на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, пет кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТВ, еден кандидат за член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, двајца за членови на Комисијата на Агенцијата за пошти, по еден кандидат за членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации и на Комисијата за решавање жалби од областа на енергетиката.

„Кандидатите кои се заинтересирани да се пријават за одредена јавна функција потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способости и лидерски вештини, способост за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност и силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување значајни структурни реформи во земјата“, пишува во огласот.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on