А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието прифати измени на два закона во прво читање

by А1он07/09/2017 - 18:0962
Share0

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 12. седница ги прифати во прво читање предлог-измените на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници и на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

Следете a1on на Instagram Instagram

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека ќе гласаат за предлог-законските измени, но оти очекуваат во текот на следната недела и пратениците од мнозинството да го дадат својот глас за предлог-законите поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, се важни за граѓаните.

На почетокот на седницата, Димовски реагираше на работата на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби и на чинот на гласање по Предлог-законот за употреба на јазиците. Обвини дека е прекршена процедурата на гласање и злоупотребена е функцијата претседател на Комисијата од страна на Артан Груби. Според Димовски, не било прифатено барањето на пратеникот Антонио Милошовски да се гласа поединечно по Предлог-законот.

– На пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“ и од ВМРО-ДПМНЕ не им беше дозволено воопшто да се произнесат дали се „за“, „против“ или воздржани. Затоа, замолувам Собранието или Вие да се обратите до Артан Групи и да му посочите дека такви постапки со погазување на можноста на пратениците да се произнесат, не му одговараат ниту на Собранието, ниту на било кој друг, рече Димовски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претседателот на Собранието, Талат Џафери појасни дека претседателот на Комисијата за европски прашања постапил согласно Деловникот за работа.

– Деловникот на Собранието санкционира поединечно гласање на пленарна седница доколку разликата меѓу „за“ и „против“ е до пет гласа. Таква можност не се дава на работните тела во Собранието, рече Џафери.

sobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео