Собранието поддржа повеќе извештаи на регулаторни тела за 2016 година

Од:

обранието на Република Македонија без расправа со 27 гласа „за“ и 50 „против“ не го усвои Годишниот извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година.

Едногласно и без расправа, во рамки на денешната работа по дневниот ред на 8-та собраниска седница, Собранието ги донесе и годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2016 година, и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Македонија во 2016 година.

Пратенците на денешната седница го поддржаа и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2016 година, и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2016 година.

Расправата за овие точки на дневниот ред заврши на вчерашното продолжение на 8-та седница, а останатите точки ќе се разгледаат на наредното продолжение на седницата што дополнително ќе биде закажано.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции