Собранието почнува со работа

Од:

Собранието на Република Македонија денеска по пауза од две ипол недели почнува со работа.

За денеска е закажана 62. собраниска седница на која пратениците треба да разгледаат 87 предлог законски решенија од кои дел се во скратена постапка, а дел во второ читање.

На дневен ред се Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање. Како точка на дневен ред е ставен и Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во второ читање поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.

Во прво читање ќе бидат разгледани измените на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, на Законот за архивски материјал и измените на Предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

Пратениците ќе расправаат и за поголем број закони во скратена постапка од областа на финансиите, образованието, екологијата, транспортот, социјалата…..

Последната седница Собранието ја одржа на 31 јули кога пратениците имаа можност да постават прашања до членовите на Владата.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада