Собранието отворено за посети на граѓаните секој последен петок во месецот

Од:

Собранието на Република Македонија повторно ќе биде отворено за посета на граѓаните секој последен петок во месецот.

Собраниската прес-служба соопшти дека посетителите ќе имаат можност да го посетат свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.

– Поради изведување градежни работи на зградата на Собранието, посетите на граѓаните беа времено прекинати. Сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност, се вели во соопштението.

Заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02 3 113 683 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетета. 

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието