Собранието остана без кворум: двајца пратеници не дојдоа поради коронавирусот, а опозицијата не влезе на седницата

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина денешната седница по утврдувањето дека нема кворум за работа, при што во салата имаше присутни 59 пратеници, што не е доволно за да се носат одлуки. Проблемот се јавил затоа што двајца пратеници од СДСМ не дошле бидејќи едниот е позитивен, другиот чека резултати, а пратениците од опозијцијата се пријавиле дека ќе присуствуваат на седницата, но не влегоа во салата. Координаторот на владејачкиот СДСМ, Јован Митрески, од говорницата соопшти дека двајцата пратеници се отсутни поради здравствени проблеми и ја повика опозицијата да не го опструира носењето на законот за лекови, кој се однесува на набавка на вакцините против Ковид-19.

„Колку што гледам, намерно ја опстриуирате работата на седницата и тоа не е во ред. Каде се пратениците од опозицијата да дебатираат и да ги судриме аргументите, ова ли е конструктивност. Сега кога треба да носиме важни закони, кои се однесуваат на вакцинирањето на населението, вие се одлучивте да не присуствувате. На колегите им посакувам добро здравје, а граѓаните самите нека проценат за кого гласале“, рече Митрески од собраниската говорница.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека не е вина на опозицијата што владејачкото мнозинство не може да обезбеди кворум и обвини дека власта нема капацитет да се справи со здравствената криза.

„Само да ве известам дека македонската опозиција не плука по институциите, плукаме по неспособните функционери што ги водат тие институции. Да ве потсетам дека во една друга сала, во 2017, нè убедувавте за модерна клиничка болница, која велевте само што не е готова. Добро е што се направи карабината на штипската, па да може луѓето од источна Македонија да се лекуваат таму. Дали и ова е наша вина. Да излегувате и да се фалите со 8.000 вакцини што други ни ги дале не е сериозно. Неспособноста на ова тенко владино мнозинство излегува на виделина и допрва ќе ја гледаме“, рече Мицевски.

Собранискиот спикер Џафери пред да прекине седницата соопшти дека повеќето од пратениците од опозицијата се запишале дека ќе присуствуваат на седницата, но не влегле во салата, каде што се отвори дискусија по предложените законски решенија. Тој уште еднаш ги повика да влезат за да може да продолжи со работа Собранието, но тие го игорираа неговиот повик по што извести дека седницата ќе ја презакаже кога ќе се содзадат услови за работа. На оваа 30. седница за разгледување има над 50 точки, меѓу кои 10-ина се по скратена постапка, а требаше да се разгледува и интерпелацијата за работата на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, која ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови