А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието одлучи повеќе закони да се разгледаат по скратена постпака

by А1он14/01/2020 - 14:26238
Share0

Пратениците во рамките на претпладневниот дел од работата по дневниот ред на 130-тата собраниска седница одлучија повеќе законски решенија да се разгледаат по скратена постапка. Претседателот на Собранието Талат Џафери ги задолжи матичните комисии да расправаат за предлозите и да го информираат кога ќе бидат седниците за да може тој да ги информира пратениците за рокот за поднесување амандамни.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратениците едногласно одлучија по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието со кој, како што кажа претседателот на Собранието Џафери во образложението за потребата од носење по скратена постапка, се зголемува независноста на собраниската администрација во своето функционирање.

-Со измените на Законот се обезбедува посебен статус на државните службеници вработени во Собранието и се отстранува обврската да се бара согласности од Министерството за финасии за секое вработување во законодавниот дом. Со тоа се овозможува во Собранието да се постигне правична застапеност, рече Џафери и додаде дека предлогот е поддржан од сите пратенички групи во законодавниот дом.

Со измените, додаде, се овозможува државните службеници во Парламентот да имаат можност за дополнителни примања во износ од 30 отсто од платата заради дополнителните ангажирања. Покрај тоа се остава и можност да се ангажираат експерти за потребите на Собранието.

Следете a1on на Youtube YouTube

Собранието одлучи по скратена постапка да се разгледа и Предлог законот за стратешки инвестиции. Како што истакна земеник-министерот за економија Кирил Колемишевски, законот за стратешки инвестиции се носи со цел да поттикне, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции, како и да поттикне економски раст, вработување, примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентноста и на извозот, намалување на трговскиот дефицит и подобрување на условите за живот на граѓаните.

– Со овој закон се отвора можност за голем инвестициски циклус во државата, не само на државно, туку и на локално ниво, рече Колемишевски.

За стратешки инвестициски проекти, посочи, ќе се сметаат проекти со кои се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра во најмалку две општини, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град и во Градот Скопје и најмалку 30 милиони евра во општините со седиште во село.

Кој проект ќе биде стратешки инвестициски проект, потенцира заменик-министерот, ќе одлучува комисија составена од девет постојани членови од Владата и министерствата и три привремени членови од министерствата во чија надлежност е прокетот, од општината и од регулаторно тело. Проектите треба да се од областа на енергетиката со инфраструктура, транспортот и телекомуникациите, туризмот, преработувачката индустрија, земјоделството, шумарството и водостопанството, прехранбената индустрија, здравството, индустриските и технолошките паркови, управувањето со отпадни води и отпад, информатичко-технолошките зони, спортот, науката и образованието, како и градењето на мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти.

По скратена постапка е одлучено да се донесат и предлог законите за изменување на Законот за евиденциите од областа на трудот, за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност, на Законот за приватните агенции за вработување, како и предлог законите за задолжување за финансирање на проектот за администрирање на социјално осигурување, и за финансирање на проектот за модернизација на земјоделството. Одлука по скратена постапка да се усвојат беше донесена и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, за предлог законите за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, за отпис на камати и репрограмирање на долгови на јавни претпријатија, за субвенциониран студентски оброк, за изменување и дополнување на Законот за извршување и и за изменување на Законот за управување со отпад.

Собранието не прифати по скратена постапка да се разгледаат предлог законите за дополнување на Законот за заштата на културното наследство, и за изменување и дополнување на Законот за одбрана, двата поднесени од пратеници од опозицијата.

Седницата ќе продолжи по едночасовната редовна пладневна пауза.

sobranie

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 12:5419/06/2026 - 13:08

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Горан Наумовски10/06/2026 - 12:30

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:36

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто