Собранието не расправаше за измените на Законот за заштита од заразни болести

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја започна 18. седница беа донесени две одлуки за испраќање припадници на Армијата во мисиите УНИФИЛ во Либан и Алтеа, како и неколку ратификации на договори и спогодби. Иако, претходно беше најавено на собранискиот сајт, измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, не беше ставен на дневен ред на оваа седница. Во него требаше да бидат вметнати измени и дополнувања во контекст на владините мерки за заштита на населението од Ковид-19.

Пратениците ја изгласаа и потребата за носење на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка. Законот ќе биде донесен откако за него ќе одлучуваат матичните собраниски комисии и ќе помине амандманската расправа.

На денешната седница пратениците ја изгласаа одлуката за испраќање двајца штабни офицери, припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Република Либан. Штабните офицери мисијата ќе ја започнат во јануари 2021 година, а во УНИФИЛ ќе бидат до јули 2021 година.

Исто така на седницата беше изгласана и одлуката за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

Пратениците ги донесоа и законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот, на Спогодбата помеѓу владите на Северна Македонија и на Црна Гора за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Северна Македонија и Црна Гора, Договорот помеѓу владите на Северна Македонија и на Република Србија за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти, како и Спогодбата помеѓу владите на Северна Македонија и на Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во двете земји.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители