Собранието не ги прифати предлог измените на Законот за енегетика

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 74. седница со 30 гласови „за“, 41 против и ниту еден воздржан го отфрли предлогот на пратениците Лилјана Поповска и Павле Трајанов за измена на Законот за енегетика по скратена постапка кој предвидуваше граѓаните кои не користат парно, односно го откажале греењето, да не плаќаат надомест.

– Законското решение е сосема јасно бидејќи граѓаните се обврзани со некакви правила на Регулаторната комисија за енергетика да плаќаат за енергија во домовите што не ја користат. Апсурдно е некој да плаќа за услуга што ја откажал. Ваквата пракса од поано треба да престане зашто сме веќе пазарна економија, истакна Трајанов, образложувајќи ги измените.

По гласањето, реагираше Роза Топузовска Каровска со забелешка дека „не е чесно Трајанов да поднесува вакво решение сега, по дури четири години откако битката за овој проблем е почната“.

– Битката против монополот на БЕГ, да не се плаќа за нешто што не се користи беше одамна почната. Не е чесно после четири години да се поднесе ваков предлог, укажа Топузовска Каровска.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи