А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието не ги прифати измените на Законот за водостопанство

by А1он12/09/2017 - 20:13171
Share0

Собранието на Република Македонија во рамки на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 13-тата седница не го прифати Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата. За законот гласаа 29, а против 49 пратеници.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што појасни Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ од името на предлагачите, целта на измените на Законот за водостопанство е поголема контрола и изградба на системи за наводнување и заштита на системите што земјоделците сами на сопствено земјиште и со сопствени средства ги изградиле и кои немаат никаква допирна точка со Водостопанство на Република Македонија и постојните водни заедници.

– Се предлага АД Водостопансво да не ги преземе да стопанисува системите за наводнување кои се на опфат од не помалку од 50 хектари и со не помалку од 100 корисници или сопственици на земјоделско земјиште, се наоѓаат на приватно земјоделско земјиште и се изградени од сопствени средства на корисниците кои се здружени во земјоделски задруги или други правни субјекти и за кои има целосна проектна документација и одобрение за градба и водостопанска согласност, појасни Мицевски.

Во реплика Диме Велковски од СДСМ посочи дека предложеното решение со ништо не придонесува земјоделците да добиваат повеќе вода за наводнување.

Следете a1on на Youtube YouTube

Панчо Минов од ГРОМ нагласи дека предложениот закон ќе биде од корист на земјоделците од Преспанскиот регион и додаде дека водните заедници се укинаа бидејќи не се покажаа добро во праксата. Со законските измени, додаде Љупчо Димовски од СП, ќе им се помогне на угледни јаболкопроизводители од ресенското село Крани кои вложиле значителни средства во систем за наводнување капка по капка.

Татјана Прентовиќ од СДСМ во реплика посочи дека законските измени се бараат за да се задоволат интересите на мала група земјоделци и додаде дека во змјава има многу системи за наводнување што не се регулирани, бидејќи, како што кажа, водостопанските претпријатија покриваат 30.000 хектари, а 50.000 се нергеулирани.

Претходно со 49 гласови „за“ и 37 „против“ Собранието заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање Предлог законот за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, поднесен од пратениците од опозицијата.

sobranievodostopanstvo

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео