Собранието на Република Македонија ќе ја одржи осмата седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 8. седница на чиј дневен ред се Предлог на завршната сметка на Буџетот на РМ за 2016 година, повеќе закони поднесени од опозицијата и годишните извештаи на повеќе институции.

Пратениците треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, како и Предлог – законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог закони во прво читање поднесени од пратеници од опозицијата како што се Предлог- законот за докторска дејност, Предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог-законот за изменување на Законот за јавното обвинителство.

На оваа седница ќе бидат разгледани и годишните извештаи на повеќе институции.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он