Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 91. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 91. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

На пленарната седница пратениците ќе расправаат и за повеќе предлог закони и дополнување меѓу кои и за Законот за јавните набавки по скратена постапка, законите за домување и за работни односи во прво читање.

Собранието ќе расправа и по предлогот за изменување и дополнување на законите за железничкиот систем, внатрешна пловидба, гробишта и комунални услуги, комуналните дејности, за јавна чистота, за градење… сите во прво читање.

Пред пратениците се и предлозите за изменувања и дополнувања на законите за ученички стандард, за учебници за основно и средно образование, за наставници во основните и средни училишта, образование на возрасни, студентскиот стандард,… сите во прво читање.

Седница ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика која ќе расправа по Предлог измените на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и за измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација и двата во прво читање.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба