Собранието ќе решава за евтината дневна тарифа за струјата

Од:

За измените на Законот за енергетика предложени од граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе расправаат пратениците на седица на Собранието.

Предлогот кој со свои потписи го поддржаа повеќе од 13.000 граѓани е 26. точка од дневниот ред на седницата.

Пред тоа и законодавно-правната комисија на Собранието треба да се произнесе за предлог законот за измени на Законот за енергетика, предложен од граѓаните.

Од одлуката на пленарната седница на Собранието ќе зависи дали граѓаните можат да очекуваат враќање на евтината дневна тарифа на струјата и дали во иднина ќе плаќаат за услуги на енергетските компании од кои се откажале.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги