Собранието ќе расправа за закони од проектот „Македонија вработува 2“

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 107. седница на која на дневен ред се предлог измените  на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и на Законот за здравствено осигурување кои се поврзани со реализација на проектот „Македонија вработува 2“.

Пред пратениците на оваа седница се и Предлогот на закон за дополнување на Законот за јавните набавки, измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, измените на Законот за полиција, измените и дополнувањата на  Законот за внатрешни работи и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, сите по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница се и годишни извештаи на повеќе комисии, агенции и Советот на јавни обвинители. 

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање