Собранието ќе расправа за измените на Кривичниот законик

Од:

Предлог законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик и на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, и двата по скратена постапка, ќе бидат на дневниот ред на 19-тата седница на Собранието на Република Македонија што ќе започне денеска.

Во рамките на седницата ќе бидат разгледани и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за индустриски – зелени зони, на Законот за минерални суровини, и на Законот за шумите, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро, на Законот за судските такси, на Законот за извршување на санкциите, на Законот за угостителска дејност, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за јавните патишта, на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, и на Законот за внатрешната пловидба, како и за изменување на Законот за земјоделското земјиште и за дополнување на Законот за приватизација на државниот капитал, сите во прво читање.

На седницата се и предлог законите за ратификација на Договорот за основање Центар за развој на финансии (ЦЕФ), на Договорот меѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во програмата на Унијата – Царина 2020, на Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Унгарија за размена и заемна заштита на класифицирани информации, на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за реципрочно признавање на возачките дозволи, и на Договорот меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.

Ќе се расправа и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата, на  Законот за безбедност и здравје при работа, и на Законот за пожарникарството, трите во второ читање.

На дневниот ред се и предлог законите за дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва, за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, и на Законот за еднакви можности на жените и мажите, трите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови