Собранието ќе одржи итна седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи итна седница на која ќе се разгледуваат измени на Изборниот законик, во делот на рокот за поднесување на кандидатските листи. Седницата е закажана за 15 часот.

На собраниската веб-страница е наведено дека материјалите кои ќе ги разгледува Собранието на оваа седница дополнително ќе бидат предложени, односно дека ќе се предложат на самата седница на Собранието.

Претходно, координација во Собранието има закажано пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот и министер за финансии и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција соопшти дека владејачката партија има предлог за  утврдување нов рок за доставување на листите за кандидати за градоначалник и за советници што би траел до 3 март, недела, до 24 часот.

Во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите, а оваа постапка би се овозможила со интервенција во преодните и завршни одредби на Изборниот законик и би се однесувала само за овие локални избори.

– Ако СДСМ денеска го прифати овој предлог утре на итна седница Собранието би ги усвоило измените на Изборнот законик и тие би стапиле на сила веднаш, појасни вчера Ставрески.

СДСМ во одговорот на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека останува на својот став да има предвремени парламентарни избори доколку на локалните освојат барем еден глас повеќе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи