А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието ќе одржи две седници

by А1он27/01/2020 - 08:07141
Share0

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ги одржи продолженијата на 126-тата и 130-тата собраниска седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија по скратена постапка.

Добивај вести на вибер

Пратениците во рамки на 126-тата седница треба да ја разгледаат Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, како и повеќе закони по скратена постапка меѓу кои и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за семејството, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, на Законот за еднакви можности на жените и мажите, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

На дневниот ред на седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица, на Законот за инвалидски организации, на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за волонтерството, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, и на Законот за заштита од вознемирување на работно место, сите по скратена постапка.

Во рамки на 130-тата седница, пак, треба да се разгледаат повеќе законски решенија меѓу кои и Предлог законите за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување и за Проектот за модернизација на земјоделството, двата по скратена постапка.

Пред пратенците ќе бидат и предлог законите за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, за субвенциониран студентски оброк, и за изменување на Законот за управување со отпад, сите по скратена постапка.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ16/04/2026 - 15:53

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Горан Наумовски16/04/2026 - 13:02

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто