Собранието ќе ја продолжи 80. седница

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска напладне е закажано петтото продолжение на 80-тата седница. Пратениците треба да гласаат по два предлог-закона за дополнување на Законот за енергетика во прво читање – едниот поднесен од пратеничките групи на СДСМ, НСДП и ЛДП, а вториот од  пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска.

Расправата по предлозите заврши вчера попладне. Се бара укинување на обврската исклучените од парно да плаќаат фиксен надомест за ангажирана моќност.

На дневен ред на 80-тата седницата се и: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Предлог на закон за дополнување на Законот за платите на судиите и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители – сите по скратена постапка.

Во Парламентот денеска седници ќе одржат и пет комисии – за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции