Собранието ќе ја продолжи 72. седница

Од:

Пратениците во Собранието на Република Македонија во рамките на денешната работа по дневниот ред на 72. седница ќе гласаат за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, во прво читање.

На дневен ред се и првите читања од предлог-законите за основање Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, за изменување и дополнување на Законот за научно – истражувачката дејност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странците.

Предвидено е и разгледување на неколку предлог закони по скратена постапка и тоа дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Предлог на закон за правосудниот испит, измените и дополнувањата на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поднесен од Малиша Станковиќ.

На 72. седница се и дополнетите предлози на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми, во второ читање. 

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on