Собранието ќе ја продолжи 69. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 69. седница.

На дневен ред е Предлог-законот за задолжување на М-НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација – втора фаза без државна гаранција, по скратена постапка.

Пратениците треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за студентскиот стандард, на Законот за Бирото за развој на образованието и на Законот за учебници за основно и средно образование, сите по скратена постапка.

На денешната седница е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on