Собранието ќе ја продолжи 65. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 65. седница со расправа по измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа, по скратена постапка.

На дневен ред се и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Преземен и изменет договор за заем за Проектот за подобрување на постојаната регионална и локална мрежа, кој ќе се случи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за дополнително финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за животната средина, на Законот за минерални суровини, како и за измените на Законот за тутун и тутунски производи, сите по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада