Собранието ќе ја продолжи 55. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 55. седница на која ќе расправа за Предлог-законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог-законот за правосудниот испит, и двата по скратена постапка.

На дневен ред е и Предлог-законот за катастар на недвижности, во прво читање. Собранието треба да ги разгледа измените и дополнувањата на повеќе закони, на Кривичниот законик, на Законот за домување, на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за пожарникарството, сите во прво читање.

Пратениците треба да дискутираат и за Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020,  Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година, Предлог-одлуката за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2013 година, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2013 година, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2013 година.

На дневен ред на седницата е и Годишниот финансиски план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за 2013 година и Предлог-одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги