Собранието ќе ја продолжи 54-та седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 54-та седница на која ќе се гласа по повеќе Предлог-одлуки и ратификации.

Пратениците треба да се изјаснат по предлогот за избор на претседател и комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, за именување член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, како и по престанокот на мандат на член на Советот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија.

Ќе се гласа и за предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети, за Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во областа на здравството и медицинските науки и за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии.

На дневниот ред меѓу другите се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации,  на Законот за виното,  на Законот за сточарството, за земјоделски задруги и на Законот за културата, сите во второ читање.

На дневниот ред е и Предлог-законот за заштита на децата, во второ читање.

Расправа се очекува и по дополнетиот Предлог на закон за партиски истражувачко аналитички центри, како и за Предлог-законот за дополнување на Законот за политичките партии, во второ читање.

На денешната седница меѓу другите на агендата е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии, во второ читање, како и Предлог деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги