Собранието ќе ја продолжи 52. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи третото продолжение на 52-та седница, на која ќе расправа за оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски на функцијата член на Комисијата за верификација на фактите.

На дневниот ред на седницата се повеќе предлог-закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка, меѓу кои се Предлог-законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и Предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување.

Пратениците ќе дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг и за Предлог-законот за дополнување на Кривичниот законик, двата во прво читање, поднесени од група пратеници од опозицијата.

На агендата се и Предлог-националната стратегија за развој на културата за периодот 2013 – 2017 година и Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on