Собранието ќе ја продолжи 46. седница

Од:

Собранието денеска ќе ја продолжи 46. седница, која вчера беше прекината, откако пратениците го усвоија Законот за енергетика.

Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка е на дневен ред на денешната седница.

На дневен ред се и дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, дополнет предлог на закон за изменување на Законот за заштита на природата и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за животната средина, сите во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и за годишните извештаите за работата во 2017 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за администрација, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он