Собранието ќе ја продолжи 37. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 37. седница на чиј днвен ред се дополнетиот предлог закон за општата управна постапка во второ читање.

Пред пратениците се и Предлог законот за изменување на Законот за енергетика по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за шумите во прво читање, како и Предлог законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата во прво читање.

На дневен ред се и измените на Законот за внатрешни работи, по скратена постапка, Барањето за давање автентично толкување на член 113 став 2 од Законот за работни односи, поднесено од градоначалникот на Општина Гази Баба, како и Барањето за давање на автентично толкување на член 9 став (5) од Законот за идентификација и регистрација на животните.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции