Имињата на улиците пред пратениците

Од:

По вчерашната вжештена атмосфера и обвинувањата, навредите и кавгите на релацијата ДПА-ДУИ, кој направил а кој ги продал интересите на албанците, Законодавниот дом ќе го разгледува Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, од пратениците Изет Зеќири и Фламуре Демири Креци.

Според предлагачите законот произлегува како обврска од Охридскиот рамковен договор.

Одлуката за менување на имињата, која ја донесува Советот на oпштината треба да го почитува принципот на двојно гласање (Бадентерово правило) во сите единици на локалана самоуправа во кои свои претставници во Советот на oпштината имаат заедниците кои не се мнозинство во соодветната општина.

Според предлагачите, примената на двојното гласање (Бадентерово правило) како демократско начело со кое треба да се штитат правата на немнозинските заедници во општината, од досегашното функционирање на општините, во определени сегменти се претвори во принцип за блокирање на менување на имињата на улиците.

„Имајќи го предвид наследството кое сме го имале и сé уште го имаме во оваа област во разни општини во РМ, особено во мултиетничките општини во кои над 95% од имињата се македонски, српски и од комунистичкиот период. Кај нас среќаваме имиња на улици како што се: ЈНА, Моша Пијаде, Борис Кидрич, Ленин и др“, укажуваат предлагачите.

За ВМРО-ДПМНЕ, законот не е прифатлив, а од СДСМ, ги нагласуваат негативните состојби со примената на законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти наметната од волјата на партиите што се на власт и од причини само за нив познати ја спроведуваат таа кампања која доведува до една апсурдна состојба личните документи на граѓаните да останат да важат со старата адреса што е спротивно со другите позитивни правни прописи.

 

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба