Собранието ќе ја продолжи 124. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 124. седница на која треба да гласа за Предлогот на закон за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија.

За ова законско решение, Собранието ќе гласа откако претходно Комитетот за односи меѓу заедниците ќе се изјасни дали треба да се гласа со двотретинско мнозинство по барање на пратеникот Талат Џафери.

Тој на вчерашната собраниска седница побара за предложеното законско решение да се гласа по Бадентер и за овој негов предлог да се изјасни Комитетот за односи меѓу заедниците. Според Џафери, идејата за вработување на најдобрите студенти е добра, но спорен е критериумот кој се однесување на течно познавање на македонскиот јазик со што се ставаат во нерамноправна положба сите кандидати.

Собранието треба да ги разгледа и Предлогот на закон за даночни, царински и други фискални погодности во врска со одржувањето на УЕФА Супер Куп 2017 во Република Македонија, Предлог-измените на Закон за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), измените на Законот за вршење на сметководствени работи, измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на добивка, и измените на Законот за спортот, сите по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска