Собранието ќе ја оджи 51. и ќе ја продолжи 47. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 51. седница на чиј дневн ред е Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан – ИСАФ.

Пред пратениците се и два предлог закона, за изменување на Царинскиот закон и за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кои треба да се донесат по скратена постапка.

По завршувањето на 51. седница ќе продолжи 47. седница на чиј дневен ред се Предлог на законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка по Договорот за заем за Прв програмски заем за развојни политики за конкурентност, Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, трите по скратена постапка.

Пратениците треба да се изјаснат за дополнувањето на Законот за матичната евиденција, за измените на Законот за постапување по претставки и предлози, за Предлог на закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог на закон за автокампови, за измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за агенциите за привремени вработувања, на Законот за работните односи, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Изборниот законик, сите во прво читање. Поднесувачи на измените и дополнувањата на Изборниот законик се пратениците од опозициските партии.

На дневен ред на оваа седница се  Предлог на закон за дополнување на Кривичниот законик, и предлог на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост. Двата закони се во прво читање, а поднесени се од опозициските пратеници.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба