Собранието ќе ја одржи седмата седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи седмата седница на која се очекува пратениците да ги изгласаат одлуките потпретседатели на законодавниот дом да бидат Антонио Милошоски и Рафиз Алити. Испразнетото трето потпретседателско место треба да биде пополнето од редот на опозицијата, која не учествува во работата на Собранието.

На дневен ред на оваа седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието, предлог одлуките за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција, ИСАФ во Авганистан, за предлог на кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Пратениците треба да разгледаат и повеќе годишни извештаи за 2013 година и тоа за работата на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2013 година, на Судскиот совет на Република Македонија, на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Агенцијата за администрација, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер,  на Државната комисија за жалби по јавни набавки на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на Советот за радиодифузија на Република Македонија, на Агенцијата за електронски комуникации, на ЈРП Македонска радио телевизија, на Агенцијата за пошти, на Комисијата за хартии од вредност и на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза