Собранието ќе ја одржи 74. седница

Од:

Собранието на Република Мкаедонија денеска треба да ја одржи 74. седница на чиј дневен ред, меѓу другото се неколку законски решенија по скратена постапка.

Пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за изменување на законите за придонеси од задолжително социјално осигурување, пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување, за безбедност на храната, за учебници за основно и средно образование, на Законот за управување со кризи…, сите по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог законот за пробација, Предлог законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование… во прво читање.

Македонското собрание треба да расправа и по Предлог на закон за амнестија, поднесен од пратениците Павле Трајанов, Лилјана Поповска, Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, 26 . Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија поднесен од повеќе пратеници.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за поттикнување и взаемна заштита на инвестиции.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада