Собранието ќе ја одржи 65. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 65. седница.

На дневен ред се предлог законите за утврдување престанок на мандат на член на Советот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија, за ратификација на Договорот за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за потврдување на периодите на осигурување за остварување право на пензија.

Пратениците ќе расправаат и по предлог законите за изменување и дополнување на законите за здравственото осигурување, за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, двата во второ читање, како и по Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во траен влог во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес” ДООЕЛ – Велес  во второ читање.

На дневен ред на седницата се и дополнетиот Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во второ читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа, по скратена постапка и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Преземен и изменет договор за заем за Проектот за подобрување на постојната регионална и локална патна мрежа, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за дополнително финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци”, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка, како и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за животната средина, за изменување на Законот за тутун и тутунски производи, сите по скратена постапка, како и по предлог законите  за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, за изменување и дополнување на Законот за државната статистика, за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација сите во прво читање.

На седницата ќе бидат разгледани и Извештајот за работењето Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2012 година, изменувањето и дополнувањето на Годишниот финансиски план за 2013 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2012 година, Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2012 година, како и барањата за давање автентично толкување на член 23 став 5 од Законот за работните односи, поднесено од пратеникот Христина Рунчева, и за давање автентично толкување на член 42-а став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за управните спорови, поднесено од градоначалникот на општина Гази Баба.

Предлогот на дневниот ред е дополнет со предлог законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за ветеринарна соработка, за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка во прво читање, како и со барањата за давање автентично толкување на член 79-а од Законот за основно образование, поднесено од градоначалникот на општина Пробиштип, на член 5-б став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Босилово и на член 45 ставови 10 и 11, член 100 ставови 5 и 8 и член 103 став 5 од Законот за високото образование, поднесено од пратеникот Лилјана Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов