Собранието ќе ја одржи 16. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја почне работата по точките од дневен ред на 16-та седница.

Собранието треба да ги донесе дополнетиот предлог на закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, Предлог на закон за задолжителните нафтени резерви, дополнувањето на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените на Законот за образование и други.

Се очекува пратениците да ја констатираат потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за градење. Исто така се очекува измена на одлуката за основање постојани работни тела на Собранието, како и носење одлука за објавување јавен оглас за избор на членови  на Државниот совет за превенција на детско престапништво.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on