Собранието ќе ја одржи 15. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја почне 15. седница на која ќе го разгледа Предлог законот за задолжителни нафтени резерви.

Пратениците ќе расправаат за измените на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, на Законот за образование на возрасните, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, сите во прво читање.

На дневен ред се и измените на Законот за јавно здравје, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, како и на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите во прво читање.

Собранието ќе ги разгледа и Предлог измената на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонијa и Предлог одлуката за разрешување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Во второ читање ќе бидат разгледани измените на Законот за ревизија, на закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, на Законот за трговските друштва, на Законот за јавните претпријатија, на Законот за возила и на Законот за спортот.

По скратена постапка на дневен ред на 15. седница се дополнувањето на Законот за Владата на Република Македонија, измените на Законот за јавен долг и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Во рамки на седницата ќе се расправа и за Предлог измените на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009 – 2019 и Предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски