Собранието ќе ја одржи 126. седница

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 126-та седница на чиј дневен ред е Предлог – програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година.

Пратениците ќе расправаат и по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за семејството, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и на Законот за еднакви можности на жените и мажите, сите по скратена постапка.

На дневниот ред се и предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица, по скратена постапка.

На оваа седница треба да се дискутира и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место и по Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка.

Пратениците ќе се изјаснуваат и по предлог – законите за изменување на Законот за практиканство, на Законот за акцизите, на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и на Законот за градење, како и за Предлог на закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, сите по скратена постапка.

И Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка е на дневниот ред на собраниската седница.

На денешната собраниска седница се и поголем број предлог-закони за измени и дополнувања од финансискиот сектор.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање