Собранието ќе го ратификува договорот со Бугарија

Од:

Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија денеска ќе се најде пред пратениците во Собрание. Со ратификувањето во Собрание, договорот стапува на сила веднаш. На дневен ред ќе биде и презентирањето на програмата и приоритетите за работата на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе ги презентира бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков.

На овој состанок, освен обраќањата на претседателот на комисијата Артан Груби и амбасадорот Иван Великов Петков, ќе се обратат и заменик премиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува во Собранието. Тие договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија.

Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија кој се подготвуваше неколку години, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во Скопје на 1 август минатата година. Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година, додека во сила ќе стапи откако ќе се ратификува и од страна на македонското Собрание.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги