Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови

Од:

Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам.

Собранието, исто така на предлог на Владата, треба да го разреши Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, а на негово место да избере Елвин Хасан.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог законот за управни спорови, Предлог законот за извршување на санкциите, сите во право чиртање.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски