Собранието ќе бира директор на ОТА и главен државен ревизор

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе одржи седница на која треба да биде предложен избор на директори на неколку институции и членови на комисии, меѓу кои и на Оперативно-техничката агенција – ОТА и главен државен ревизор.

Исто така се очекува Комисијата да донесе предлог-одлука за изменување на Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина и да донесе одлука за утврдување на висината на надоместокот за закупнина на стан.

Пратениците треба да утврдат предлог за избор на главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија, за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на Инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, да утврдат коефициент за плата на директорот на Оперативно – техничката агенција и да утврдат Предлог – одлука за избор на директор на ОТА. Се очекува утре исто така да биде утврдена Предлог – одлука за избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за разрешување на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, како и за именување член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Собраниската Комисија треба да утврди и Предлог-одлука за разрешување и именување на претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди 8 Септември и 23 Октомври, да ја дополни одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и на на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он