Собранието ја продолжува расправата за Центарот за трансплантација

Од:

Пратениците во рамки на 91.собраниска седница денеска ќе ја продолжат расправата по Предлог законот за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести, во прво читање. 

На дневниот ред на оваа собраниска седница се повеќе предлог-закони за изменување и дополнување од различни области, меѓу кои на Законот за прекурзори, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за хемикалии, како и на Законот за јавно здравје, на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување и на Законот за здравственото осигурување. 
На седницата ќе се расправа и по предлог – законите за изменување на Законот за просветната инспекција и на Законот за спортска академија, на Законот за научно-истражувачката дејност, сите во прво читање.

Како што е најавено, пратениците ќе расправаат и по Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година, за предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година, но и за предлог на одлука за одобрување на годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година.

На дневниот ред на 91.собраниска седница се и предлог-одлуките за давање согласност на Предлогот на годишната програма за работа и развој и на финансискиот план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година и на Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители