Собранието ја продолжува 35-та седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 35. седница на која треба да почне расправата за измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлогот на закон за изменување на Законот за судовите во прво читање, како и дополнувањето на Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците и за Предлогот на закон за дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, поднесени од пратениците Изет Зеќири и Фламуре Демири – Креци.

Собранието ќе ги разгледа и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа и измените и дополнувањата на Законот за Градот Скопје, поднесени од Лилјана Поповска, како и Предлогот на закон за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Предлогот на закон за Центар за обука на службеници, поднесени од група пратеници од опозицијата.

На дневен ред на 35. седница е и информација за трошењето народни пари за проектот „Скопје 2014“ поднесена од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on