Собранието ја почна 97. седница

Од:

Собранието на Република Македонија на почетокот на денешната 97. седница ги донесе одлуките за изменување на Одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ и на Одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“.

На седницата беше ратификуван Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за правна помош во граѓански и кривични предмети, кој е склучен во Будва, Црна Гора, во декември 2013 година.

Заменик-министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска рече дека со овој Договор двете страни-потписнички се обврзуваат да даваат една на друга правна помош во граѓански предмети кои се однесуваат на семејни, работни, трговски, како и на имотно-правни односи.
Пратениците го ратификуваа и Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети, кој е склучен исто така во Будва, во декември 2013 година.

Седницата по паузата ќе продолжи со расправа по предложените законски решенија во прво читање.

На дневен ред на седницата, меѓу другите точки, се предлог законите за изменување и дополнување на законите за сигурност во железничкиот систем, за научно – истражувачката дејност, за иновациската дејност, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за спортот, за медијација, сите по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители