Собранието ја именува Елизабета Чингаровска за претседател на КХВ

Од:

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 54. седница именува повеќе лица за претседатели и за членови на повеќе државни агенции и комисии.

Собранието ги именува Елизабета Чингаровска за претседател на Комисијата за хартии од вредност,  Александар Петревски за член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, а Вулент Дервиши за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Пратениците го утврдија и престанокот на мандат на Фејзи Ајдари, член на Советот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија.

На седницата без дискусија беа донесени повеќе законски решенија. Парламентарците ги донесоа Законот  за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за  меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети, Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во областа на здравството и медицинските науки, како и Законот за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии.

На седницата беа донесени и законите за Договор за превоз во патниот сообраќај, како и измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за електронските комуникации, на Законот за водите, на Законот за виното и на Законот за сточарството.

Пратениците ги поддржаа и Законот за земјоделски задруги, измените на Законот за културата, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на културното наследство.

На денешната седница беа донесени и Законот за заштита на децата, измените и дополнувањата на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за стандардизација, измените  на Законот за инвалидски организации, Законот за партиски истражувачко-аналитички центри,  дополнувањето на Законот за политичките партии, како и измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политичките партии.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски рече дека по измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесен од група пратеници, ќе се расправа кога ќе се создадат деловнички можности.

По барање на пратеничката група на ДПА, Вељаноски даде пауза и продолжението на седницата го закажа за 15 часот.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски