Собранието го верификуваше мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева

Од:

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од работата на 58. седница го верификуваше мандатот на пратеникот Снежана Калеска-Ванчева која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов.

Како што претходно објави МИА, пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Атанасов се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека го известиле наредниот кандидат, Снежана Калеска-Ванчева од листата на кандидати за пратеници за ИЕ 1 од СДСМ и коалиција. Во законскиот рок Калеска-Ванчева ја известила Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието по што и е издадено уверение.

На седницата не беа присутни пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците се на пауза, а со работа ќе продолжат во 15:30 часот.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он