ВИДЕО: Собранието го усвои и четвртиот Нацрт-амандман, следи јавна расправа

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево го утврди и четвртиот Нацрт-амандман на Уставот предвиден со уставните измени согласно Договорот од Преспа.

За Нацрт-амандманот, што се однесува на грижата на државата за иселениците, беше прифатен со 66 „за“ и седум „против“, а тројца пратеници беа воздржани.

Собранието усвои и неколку заклучоци согласно кои ќе следи јавна расправа која ќе трае пет работни дена. Нацрт-амандманите ќе бидат објавени во печатените медиуми „Слободен печат“ и „Коха“, a граѓаните, политичките партии, здруженијата на граѓани и учесниците во јавната расправа ќе ги достават своите забелешки и сугестии до Владата, а таа како предлагач треба да ја следи и да ги сумира јавната дискусија и во рок од два дена по нејзиното завршување да достави до Собранието извештај за резултатите од јавната дискусија и текст на предлогот на амандманите.

Заклучоци кои денеска ги усвои Собранието ќе бидат објавени во „Службен весник“.

Третиот амандман беше прифатен денеска во претпладневниот дел од седницата, а првите два амандмани во текот на изминатиот викенд.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител