Собранието го укина Советот за утврдување факти и одговорност кај судиите

Од:

Собранието на денешната седница го укина Советот за утврдување на факти и одговорност кај судиите.

Владата во ноември минатата година достави до Собранието предлог-закон за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

„Основна цел на овој предлог закон е престанување на важење на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и враќање на надлежноста за водење на дисциплинска постапка на Судскиот совет на Република Македонија, водејќи сметка за дадените забелешки и упатства од меѓународните институции во делот на реформите на правосудниот систем“, соопшти тогаш Владата.

Во образложението на предлогот беше наведено дека праксата покажала дека формирање на вакво професионално тело за покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија не ја остварила целта на основањето, туку, напротив, истото било формирано без да се направи целосна анализа на недостатоците во Законот за судски совет што резултирало со негативен извештај од меѓународните институции, вклучувајки ги и забелешките од Венецијанската комисија.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он