Собранието го ратификува Договорот за социјално осигурување меѓу Македонија и Словенија

Од:

Македонски државјани кои привремено живеат и работат во Словенија и словенечките граѓани во Македонија ќе имаат право на социјално осигурување, пензија и детски додаток на чпеновите на нивните смеејства, доколку работат или работеле во една од двете држави. Ова се предвидува со Договорот за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија што денеска го ратификуваа пратениците на 17. собраниска седница.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими појаси дека со Договорот за социјално осигурување меѓу Македонија и Словенија се овозможува остварување на правото од социјално осигурување, пензија, детски додаток на членовите на нивните семејства, доколку работат или работеле во една од двете држави.

– Со овој договор се остваруваат правото на старосна, семејна и инвалидска пензија, здравствено осигурување за работници и корисници на пензија, како и за членовите на нивните семејства, право на паричен надоместок за време на невработеност и право на детски додаток. Со постојниот договор се правото на паричен надоместок за врме на невработеност, детски додаток се исплаќа доколку граѓанинот има постојано живеалиште во Словенија. Измените се во однос на освтарување паричен надоместок и детски додаток и се прецизира дека право на паричен надоместок за време на невработеност и детски додаток ќе се исплаќаат и доколку лицата имаат привремен претстој во државата во која го стекнале ова право, рече Ибрахими.

Во делот на здравствената заштита тој информира дека одредбите од договорот регулираат можности за осигуреници од една во друга држава доколку се работи за итен случај, а не и за планирање. Планирано лекување се овозможува кога се исцрпени сите можности за лекување во неговата држава.

Пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ Договорот го оцени како многу значаен за двете земји.

– За планирано лекување во Словенија на државјани на Македонија на нивни семејства, до сега овие случаи со основниот договор не беа влезени во предвид, но сега со измените и ратификацијата и планираното лекување ќе може, но под услов доколку во матичната држава се исцрпени сите можности за лекување, истакна Јакимовска.

Посочувајќи ја важноста на Договорот за македонските граѓани, кои живеат и работат во Словенија пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ нагласи дека со измените овие права ќе може да ги уживаат повеќе од 15.000 граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски